Манчини: Требаше да заминам порано, оставката нема врска со С.Арабија

Роберто Манчини во неделата сосема неочекувано поднесе оставка од селекторската функција во Италија. Иако неговта оставка се очекуваше по поразот од Македонија во баражот за пласман на СП во Катар, сепак, на таков чекор се реши многу подоцна, и тоа сред квалификациите за пласман на ЕП.

Италијанските и голем број медиуми шпекулираа дека оставката доаѓа поради понуда од Саудиска Арабија да биде селектор на таа земја. Сепак, Манчини ги демантираше овие информации, и објасни зошто ја поднел оставката.

„Со месеци веќе размислував да си заминам, и дојде време да си заминам кога некои работи се менуваат внатре без мое знаење, и тоа значи дека одиме кон крајот“, објасни Манчини и додаде:

„Според мене не сме веќе на иста бранова должина со федерацијата, и секогаш е подобро да се предвиди отколку да се случи нешто посериозно. Тоа е одлука која ја донесов со голема тага, затоа што Италија ми значи. Да сакаа да ме задржат, ќе го стореа тоа. Дали требаше да заминам порано? Веројатно“, рече Манчини.

Италијанските медиуми пишуваат дека Манчини се решил на ваков чекор откако федерацијата одлучила да ги смени помошниците.

Најсериозен кандидат за негова замена на клупата на Италија е Лучијано Спалети, а се споменува и враќање на Антонио Конте.

Се вчитува...