Манџукиќ го продолжи договорот со Јувентус до 2021 година

Марио Манџукиќ потпиша нов договор со Јувентус кој е во траење до 2021 година. На Хрватот договорот му истекуваше на крајот на следната сезона, а во последниот месец во тек беа преговорите околу неговото продолжување.

Манџукиќ по завршувањето на Светското првенство во Русија, одлучи да се повлече од репрезентативниот тим како би можел да се сконцентрира на настапите во Јувентус, каде има голема конкуренција во нападот за место во почетната постава. Манџукиќ има 32 години и е стандарден првотимец сезонава во дресот на „старата дама“.

На 23. натпревари во Серија А сезонава, тој постигна осум гола, што е за само два погодоци помалку од неговата најдобра сезона во италијанското првенство.

Се вчитува...