Манџукиќ го пропушта реваншот со Наполи

Марио Манџукиќ нема да може да му помогне на Јувентус на утрешната полуфинална пресметка од Купот на Италија против Наполи, објави денеска тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри. Искусниот стручњак ризикуваше со недоволно заздравениот Манџукиќ на неделното дерби против истиот ривал, но состојбата на хрватскиот голгетер во меѓувреме се влошила, поради што тој нема да може да настапи на утрешниот реванш на кој Јуве ќе ја брани предноста од 3-1 од првиот меч во Торино.

Неверојатно е Марио Манџукиќ да биде оспособен за настап. Ќе се обидеме со уште еден тест пред натпреварот, но реално гледано шансите се речиси еднакви на нула. Што се однесува до останатите фудбалери, сите се подготвени за настап, вклучувајќи и и Дибала и Квадрдадо. Ќе настапиме со силен тим и ќе сториме се за да го реализираме планот – трета година по ред да стигнеме до двојната круна. Очекувам поинаква средба од неделното дерби во лигата, бидејќи ова сепак е нокаут пресметка во која се нема право на поправен“ – истакна Алегри на денешната прес-конференција.

Се вчитува...