Мане: Не е лесно да се адаптираш на нова средина, но свесен бев за предизвикот

Садио Мане имаше одличен почеток на кариерата во дресот на Баерн Минхен, но како што одминуваа натпреварите се загуби на теренот. Сенегалецот за тоа наиде на остри критики во јавноста, а сега и самиот проговоре на темата.

Фудбалерот кој освои речиси се што можеше да се осови со Ливерпул вели дека адаптацијата од една во друга средината не е лесна, но го знаел тој предизвик кога ја прифатил понудата на германскиот гигант.

„Засега оди добро. Да се префрлиш од еден клуб во друг, воопшто не е лесно. Поминав многу убави осум години во Англија, шест во Ливерпул и две во Саутемптон, а сега сум во нова земја, каде што сите работи се поинакви. Морам да се адаптирам, но го знаев тоа кога решив да дојдам во Баерн. Луѓето ми дадоа совршено добредојде и сите во клубот се одлични“, вели Мане.

Се вчитува...