Мане се враќа на терените порано од очекуваното

Закрепнувањето на сенегалскиот фудбалер Садио Мане оди многу добро, а првата ѕвезда на Баерн Минхен би можела да се врати на терените и порано од очекуваното.

Поради повреда на тетивата, непосредно пред почетокот на Мундијалот, Мане не можеше да му помогне на својот Сенегал на турнирот во Катар, каде актуелниот африкански шампион имаше право да се надева на добар резултат. Без Мане, Сенегал беше елиминиран во осминафиналето од Англија.

Според информациите од Баерн, Мане одлично закрепнува и би можел да се врати на тренинзите на почетокот на февруари. Во баварскиот клуб се надеваат дека можат да го имаат Мане подготвен веќе во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во таа фаза од елитното натпреварување Баерн игра против Пари Сен Жермен. Првиот натпревар ќе се игра во Париз на 14. февруари, а реваншот во Минхен на 8 март.

Се вчитува...