Манев и Куртулан добиваат руски репрезентативец за соиграч во Адана Демирспор

Македонските интернационаци во турскиот прволигаш Адана се на прагот да добијат одлично засилување во нападот откако клубот ги завршил преговорите за ангажман на рускиот репрезетативец Артем Џуба, пренесува рускиот медиум „Спорт експрес“.

За искусниот 33-годишен напаѓач тоа ќе биде првиот трансфер надвор од Русија откако претходно ги бранеше боите на Спартак Москва, Том Томск, Ростов, Зенит и Арсенал Тула. Во турското првенство тој ќе пристигне како слободен играч.

Се вчитува...