Фудбалерите на Вардар дадоа 100% од своите можности, славеа на реваншот во Финска против Купс, но и тоа беше недоволно да се избегне елиминација на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите.
Пресуден се покажа оној слаб прв меч во Скопје и поразот од Финците од 0-2, па меѓу „црвено-црните“ владее решителност веќе следната седмица, на домашен терен против Рига во квалификациите за Конференциската лига да биде поправен впечатокот од тој прв натпревар со Купс.
„Натпреварот во Финска го одигравме добро. Успеавме да победиме, но за жал со недоволна разлика да одиме понатаму. Во текот на мечот се држевме добро, но во продолжението на виделина излезе оној плус што КуПС го имаше уште пред овој двомеч, тоа е што е во натпреварувачки ритам. Сега ги продолжуваме европските настапи во Конференциската лига, каде следи двомеч со летонска Рига. Ќе го дадеме најдоброто од себе, првиот меч ни е дома и ќе се бориме да ја поправиме сликата пред нашите навивачи“, изјави Михаил Маневски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
