Манор не успеа да најде спонзор, се повлекува од Формула 1

По една година постоење и возење во најбрзиот циркус во светот (не сметајќи ги годините пред промената на името Марусија), Манор Рејсинг одлучи да се повлече од Формула 1. Челниците на тимот преку соопштение ја објаснија својата голгота и неуспех да пронајдат купец односно главен спонзор поради што одлучиле да го затворат тимот и да се повлечат од Ф1 непосредно пред првите претсезонски тестирања.

„Во последните неколку месеци, менаџментот неуморно работеше на случајот да доведе нова инвестиција која ќе ја осигура индината на тимот на долг рок, но за жал напорите не вродија со плод. Немавме друга алтернатива освен да ги известиме сите 212 ангажирани во тимот дека по 31. јануари нема да постои. Манор е големо име во британскиот мотоспорт и тимот напредна многу во последните две години. За жал, високите стандарди за одржување на тим во Ф1 нè примораа да донесеме ваква одлука“ – стои во соопштението.

Претстојната сезона во Формула 1 ќе се состои од 10 тимови и тоа Ферари, Мерцедес, Мекларен, Ред Бул, Рено, Торо Росо, Заубер, Вилијамс, Хас и Форс Индија.

Се вчитува...