Мануел Нојер дојде до нов рекорд во Бундес-лигата

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер вчера против Унион Берлин сруши уште еден рекорд. Со победата од 4-0, Нојер дојде до 311-та победа во Бундеслигата, и така го сруши рекордот на неговиот претходник Оливер Кан.

„Многу сум среќен поради овој рекорд кој претходно го имаше легендарниот Оливер Кан. Ви благодарам на моите соиграчи и сите кои ме поддржуваа во овие години“, напиша Нојер на социјалните мрежи.

Нојер пред Баерн Минхен, бранеше за Шалке, од каде потекнува. Тој е во Баерн веќе 11 години, и пред некое време истакна дека сака да ја заврши кариерата во овој клуб. Со Баерн освои се што можеше да се освои.

Се вчитува...