Мануел Нојер останува во Минхен, Баерн го наградува со нов договор

Олдичниот голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер, ќе добие нов повеќегодишен договор со германскиот великан и ќе ја продолжи соработката до летото 2025 година.

Искусниот Нојер е следниот првотимец на Баерн кој чекаше на ред за нов договор, откако раководството на клубот се договори и со Томас Милер за продолжување на соработката.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ се чини дека најмногу проблеми ќе има со Серж Гнабри и со Роберт Левандовски. Офанзивците најавуваат и можна разделба во летниот преоден рок, доколку клубот не успее да ги убеди да потпишат нови договори.

Се вчитува...