Синот на една од најголемите икони на фудбалот Диего Армандо Марадона, Марадона јуниор го испофали македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Тој за македонскиот репрезентативец вели дека е импресиониран од него и дека кога и да добие шанса во тимот на Наполи тој на крајот го одлучува мечот.
„Многу внимателно го следам Елмас и пред неколку недели морам да кажам направи глупост со тоа што го објави на социјалните мрежи. Мислам дека можеше да се избегне тоа за да не се крене прашина, но конечно ги дочека своите ‘пет минути’. Македонецот доби шанса да игра како стартер поради отсуството на Квича Кварацхелија и покажа дека е одлучувачки кога ќе добие шанса, со голови и асистенција. И морам да кажам – ме импресионираше! Овие работи многу ме радуваат, зашто само покажува колку Наполи е силен и колку добар тренер е Лучано Спалети, најмногу и со начинот како го менаџира тимот“, рече Марадона јуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА