Марадона одамна откри што сака да пишува на неговиот гроб (ВИДЕО)

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона почина од срцев удар. Пред неколку години на гостување во аргентинска телевизија, фудбалскиот ас на прашањето „Доколку би можел да кажеш неколку збора на својот погреб, кои би биле тие?“ одговори:

„Ти благодарам што играше фудбал, бидејќи тоа е спорт кој ми донесе најмногу радост, слобода. Тоа е како со рака да го допираш небото“ – изјави Марадона.

Веднаш потоа ја откри и својата жебла, што би посакувал да стои на неговата надгробна плоча.

„И благодарам на топката. Да, на споменикот би напишал: И благодарам на топката“ – заврши Аргентинецот.

Се вчитува...