Марадона: Роналдо најдобар во историјата? Кажете му да не се шегува…

Легендарниот аргентински ас Диего Марадона работи како тренер во Обединетите Арапски Емирати, во второлигашот Фуџаира, а го искористи Светското клупско првенство што се одржува во Абу Даби, да даде неколку интересни изјави. Најмногу одекна неговиот став за Кристијано Роналдо, и неговото тврдење дека е најдобар фудбалер во историјата.

„Роналдо најдобар во историјата? Кажете му да не се шегува…“, истакна во свој стил Диего Марадона.

Реал Мадрид и Гремио ќе играат во финалето на СП за клубови во Абу Даби, а Марадона има совет и за Флорентино Перез.

„Му реков да го купи Килијан Мбапе ова лето. Тој е најдобриот млад фудбалер во светот и внесе неверојатна свежина во фудбалската игра“, изјави Марадона.

Се вчитува...