Марадона сака пак да ја предводи Аргентина: Сампаоли го убива нашиот престиж

Легендарниот Марадона преку социјалните мрежи го изрази своето незадоволство по поразот на Аргентина на пријателскиот натпревар со Нигерија. Екс-селекторот на „гаучосите“ тврди дека фудбалот кој репрезентацијата го негува под водство на Хорхе Сампаоли го губи престижот на Аргентина, па според него време е за смена на селекторот, поточно тој да биде замената за неговиот колега.

Марадона на „Инстаграм“ објави слика, односно податоци од неговото раководење со селекцијата, од 24 натпревари Аргетина триумфираше на 18, додека шест пати претрпе пораз, статистички има 75% успешност што е повеќе од било кој друг селектор. Со оваа фотографија се обидува да докаже дека е вистинскиот човек за селекторското место, додека описот на сликата гласи: „Кој оствари повеќе победи? Сами донесете одлука, јас сум лут бидејќи го убиваат нашиот престиж, но тоа не произлегува од играчите. Сакам да се вратам!“

465E940F00000578-5084519-image-a-3_1510739788755

Марадона едвај успеа да ја однесе Аргентина на СП во 2010 година, во квалификациската група завршија на четвртото место, исто како и оваа селекција на Сампаоли, со идентичен број на освоени бодови (28). Патот до светскиот трофеј им го „пресече“ Германија во четврфиналето со убедлив пораз од 4-0.

Се вчитува...