Фудбалерот како и во целиот свет така и во Аргентина е суспендиран од средината на месец март поради пандемијата од коронавирусот. Фудбалската федерација на оваа земја се уште разгледува кога би можел шампионатот да продолжи, а свое мислење околу ситуацијата даде и легендарниот Диего Армандо Марадона.
„Се наоѓаме во навистина чудна ситуација. Се радувам што наскоро ќе се вратиме во нашиот тренинг камп и што ќе продолжам да работам со екипата. Враќањето на тренинзи по карантин е како да ја видите девојката по долг одмор“, изјави Марадона.
Славниот фудбалер неодамна седна на клупата на Химназија, а навивачите на овој тим ги спореди со навивачите на италијанскиот Наполи во кој помина дел од кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА