Марат Сафин во кариерата има скршено неверојатни 1.055 рекети

Познатиот тениски аналитичар Крејг О’Шонеси откри интересна информација поврзана со поранешниот прв рекет во светот Марат Сафин. Темпераметниот Русин често во кариерата ги „губеше нервите“ кршејќи ги рекетите, а сега беше објавена и точната бројка.

„Луѓето од „Хед“ компанијата чии рекети ги користеше Марат пресметале дека има скршено вкупно 1.055 во кариерата“, изјави О’Шонеси. 

Од компанијата како би му оддале почит за „големото достигнување“ на Русинот бројката од 1.055 ја изгравираа на сноуборд кој му го поклонија. Марат Сафин во кариерата ги освои Австралија и УС опен, a на Ролан Гарос и Вимблдон стигаше до полуфинале.

Се вчитува...