Маратонското 15. коло започнува во Куманово, ќе заврши во Скопје на крајот на месецот

Прволигашката програма во македонската кошарка започнува денеска во „Перо Наков“ со натпреварот помеѓу Куманово и МЗТ Скопје, а ќе заврши дури на крајот на месецот со дуелот на новлијиите Ангели и Феникс 2010 во Кисела Вода.

Натпреварите на „сино-белите“ ретко кога разочаруваат, а се надеваме дека така ќе биде и денеска од 19 часот. МЗТ Скопје во „Перо Наков“ патува како фаворит, но на домаќините е да се обидат да го запрат налетот на „штрковите“ пред настапот во АБА 2 лигата.

Овој меч е од големо значење и за избраниците на Мирковски во обидот да се прекине серијата од два пораза во низа и фаќање приклучок кон горниот дел од табелата.

Петнаесеттото коло продолжува утре од 18 часот со натпреварот помеѓу Кожув и Пелситер, а за викедот ќе биде одигран само еден натпревар од истото во кој МЗТ Скопје 2 ќе се обиде да го изненади и ТФТ.

По еднодневниот одмор во понеделник не очекува натпреварот помеѓу Еуро Никел и Академија ФМП, за пред „дуелот на новајлиите“ на 24.02 да биде одигран и натпреварот помеѓу Работнички и Гостивар на 15.02.

Се вчитува...