Мареј: Беше тешко и кога имав два здрави колка

Поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј е свесен дека шансите да освои уште некој грен-слем во кариерата се сведени на минимум. Мареј годинашното издание на УС опен го заврши во второто коло каде со максимални 3-0 беше поразен од Канаѓанецот, Феликс Оже Алиасим.

„Освојување на нов грен-слем ќе биде многу тешко. Беше тешко и кога имав два нормални колка. Но, ќе продолжам да се трудам, зошто да не? Ако не успеам тоа ќе биде во ред. Секогаш ќе се трудам да дадам се од себе“, изјави Мареј. 

Енди Мареј планира да биде дел и од Ролан Гарос кој годинава поради пандемијата од коронавирусот ќе почне на 27. септември.

Се вчитува...