Мареј го освои турнирот во Дубаи

Британскиот тенисер Енди Мареј е победник на тенискиот турнир во Дубаи, откако во финалето го совлада Шпанецот Фернандо Вердаско со 2-0 во сетови (6-3, 6-2). Тоа е прв триумф за Мареј на овој турнир во кариерата.

„Среќен сум што дојдов овде и успеав да победам. Морам да признам дека воопшто не беше лесно, Фернандо беше вистински ривал“, изјави Енди Мареј, по добивањето на трофејот.

Британецот во бавен ритам го започна мечот, но, сепак, успеа да го освои со 6-3. Потоа беше многу полесно, го скрши отпорот на Вердаско и го комплетираше мечот со 6-2 во гемови во вториот сет.

Се вчитува...