Мареј: Голем дел од тенисерите од самиот врв нема да играат на УС опен

Британскиот тенисер Енди Мареј очекува дека одреден број на тенисери од самиот врв во машка и женска конкуренција нема да бидат дел од УС опен. Првата тенисерка во светот, Австралијката Ешли Барти го откажа учеството на американскиот грен-слем.

„Откажувањето на Еш Барти… Мислам дека ќе има уште тенисери и тенисерки кои ќе се откажат. Слушнав дека некои од самиот врв нема да допатуваат во Њујорк. Очекувам тоа да се случи“, изјави Мареј. 

Енди Мареј триумфираше на УС опен во 2012 година кога во големото финале славеше над Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...