Мареј шокиран уште на стартот во Индијан велс

Второто коло од Мастерс-турнирот во Индијан велс го донесе и првото огромно изненадување, откако Енди Мареј во својот премиерен меч претрпе пораз. Подобар од првиот светски рекет беше Васек Поспишил од Канада, кој моментно се наоѓа на 129. место на АТП-листата, но тоа не му пречеше со извонредна игра да го земе скалпот на Британецот триумфирајќи со 2-0 во сетови (6-4, 7-6).

Со тоа, Индијан Велс останува еден од двата Мастерс-турнири на кои Мареј традиционално се соочува со сериозни проблеми, заедно со натпреварувањето во Монте Карло.

Немам објаснување, тренирав добро, очекував добар турнир, но ете, се повтори истиот случај, прерано да си заминам дома“ – разочарано изјави Мареј по поразот.

Се вчитува...