Енцо Мареска не го криеше задоволството што управата на Манчестер Сити му ја исполни најголемата желба за овој преоден рок – ангажманот на Енцо Фернандез.
Италијанскиот стратег имаше беспрекорна соработка со Аргентинецот додека беше во Челси, што беше главна причина Енцо да го бара својот екс-пулен од првиот ден на доаѓањето во Сити. Сагата траеше долго, но на крајот се заврши со хепиенд, откако Сити и Челси се договорија за трансфер вреден 125 милиони фунти.
„Многу добро го познавам Енцо Фернандез и знам што може да му донесе на тимот. Тој е победник, роден победник, човек што знае како се стигнува до трофеи, го докажа тоа на СП со Аргентина, но и на последниот клупски мундијал со Челси. Можам да кажам дека е останатите фудбалери се возбудени, дел од нив во последните денови редовно ме прашуваа дали ќе пристигне, јасно покажувајќи дека сакаат да играат со него во тимот. Мило ми е што оваа желба ни се исполни“, изјави Мареска.
Аргентинскиот интернационалец своето деби за новиот клуб би требало да го има веќе на утрешниот дуел на домашен терен против Ковентри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
