Менаџерот на Челси, Енцо Мареска пред пресметката со Ливерпул во Премиерлигата, искажа пофални зборови за противникот.
Двата тима се среќаваат на „Стемфорд Бриџ“ во сабота, а овој меч доаѓа во лош момент и за двата тима. Челси претрпе три порази на последните пет меча, додека Ливерпул има дв последователни порази.
„Мислам дека почнавме многу, многу добро во однос на резултатите и перформансите во првите четири или пет натпревари. Во другите натпревари не ги освоивме бодовите што ги сакавме, но веќе ги анализиравме причините за тоа. Повеќето од натпреварите во кои не освоивме бодови беа многу тешки за нас поради црвените картони. Исто така, мора да ја земеме предвид ситуацијата со повредите. Во моментов имаме осум играчи кои се надвор од игра. Не мислам дека имаме некаков проблем со дисциплината и покрај црвените картони што ги добиваме.“, рече Мареска.
Тој вели дека Ливерпул добро се покажува и оваа сезона, и покрај трагедијата со Диго Жота, и смета дека е најдобрата екипа во Премиерлигата.
„Мислам дека Ливерпул е најдобриот тим во Англија во моментов. Го покажаа тоа со освојувањето на Премиер лигата. Не мислам дека е подобро да се игра против Ливерпул сега. Секогаш е тежок натпревар против голем тим. Начинот на кој се справуваат оваа сезона е фантастичен во секој случај, особено по трагедијата со Диого Жота. Но, секој тим е ранлив, не само Ливерпул. Сега кога изгубија еден или два натпревари, тоа покажува ранливост, и тоа им се случува на секого. Во Премиерлигата секој може да победи секого“, вели Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

