Мареска: Не смееме да им даваме поклони на ривалите

Челси загуби нов натпревар, вториот во низа во Премиерлигата откако во 6. коло загуби со 1-3 на домашен терен од Брајтон во натпревар во кој „сините“ повторно останаа со играч помалку по директниот црвен картон на Чалобах.

Избраниците на Марекса имаа предност по првото полувреме, но останаа со десет играчи на теренот што се одрази на играта во вторите 45. минута, а бодовите без испуштени во судиското продолжение на второто полувреме на големо незадоволство на Италијанецот.

„Тешко е да го прифатиме поразот, особено ако знаеме дека го контролиравме мечот во првиот дел. Бевме на висина на задачата, но потоа останавме со играч помалку.

Два црвени картони на два натпревари по ред. Не смееме да им даваме подароци на ривалите, тоа е едноставно недозволиво.

Се обидовме да се адаптираме и на играта со десет фудбалери, но Брајтон е искусен тим и знаеше како да ги искористи своите шанси“, рече Мареска.

Се вчитува...