Марез сака трансфер на „Камп ноу“, Барса му вели да почека…

Ријад Марез уште пред петнаесетина дена поднесе барање за трансфер до раководството на Лестер, а причината за „молкот“ околу алжирскиот ас се должи на неговата желба да се пресели во Барселона, но и чекањето каталонскиот гигант најпрвин да ги исполни приоритетите на „пазарот“ пред да тргне во офанзива за негов ангажман.

Весникот „Спорт“ објави дека агентите на Марез веќе стапиле во контакт со Барса и кај двете страни постои огроен интерес трансферот да биде реализиран. Сепак, каталонците биде децидни дека приоритет во моментов им е потписот на новиот договор со Меси, а потоа и доведувањето на врвен десен бек (најверојатно Белерин од Арсенал).

Дури откако овие две работи ќе бидат решени ќе може да се интензивираат преговорите со Лестер за Марез, за чиј трансфер зелено светло дал и Лионел Меси. Иако Алжирецот не би бил стандарден првотимец во Барселона, тој ќе ја има улогата на прва резервна опција во нападот, што ќе се отвори со најавените заминувања на Алкасер и на Арда Туран.

Се вчитува...