Марио Балотели на радарот на Бока Јуниорс

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели е на радарот на еден од најлегендарните клубови во светот Бока Јуниорс. Веднаш по раскинувањето на договорот со Бреша се очекува тој да се пресели на „Ла бонбониера“.

„Бајката“ на Балотели во градот во кој израсна, многу брзо се претвори во ноќна мора, а ситуацијата ескалираше во претходните неколку месеци. „Супер Марио“ не се појавуваше на тренинзи, влегуваше во конфликти со соиграчите и со раководството.

Бреша возврати на свој начин казнувајќи го со намалување на плата и забрана за влез во тренинг центарот на клубот и поради сево ова е само прашање на време кога ќе дојде до раскин на договорот. Поради тоа Бока Јуниорс е подготвен да го доведе во своите редови.

Се вчитува...