Марио Ѓуровски потпиша за Бангкок глас

Македонскиот фудбалски интернационалец Марио Ѓуровски има нов клуб на Тајланд. Тој од редовите на Бангкок јунајтед се пресели во Бангкок глас и потпиша двегодишен договор.

Ѓуровски од 2012 година игра фудбал на Тајланд и се промовираше како еден од најдобрите странски фудбалери во тамошното првенство. За тимот на Муангтонг јунајтед настапуваше три сезони, одигра 129 натпревари и постигна 59 гола, а потоа се пресели во Бангкок јунајтед, каде на 57 натпревари успеа да постигне 29 погодоци.

Се вчитува...