Марио Крстовски промовиран во дресот на Зрински (ФОТО)

Поранешниот македонски младински репрезентативец, Марио Крстовски, кариерата ја продолжува во редовите на суперлигашот од БиХ, Зрински од Мостар.

23-годишниот Крстовски по разделбата со Академија Пандев се одлучи да стартува интернационална кариера. За него ова е прв меѓународен предизвик, потпишувајќи двегодишен договор со Зрински.

Изминатата сезона во дресот на „пандевци“ ја заврши со 31 одигран натпревар и седум погодоци и четири асистенции. Претходно во кариерата има настапи и за Работнички и Хоризонт Турново.

Се вчитува...