Марио Младеновски го продолжи договорот со Вараждин до 2029 година

Хрватскиот прволигаш Вараждин официјално го продолжи соработката со македонскиот фудбалер Марио Младеновски.

Дефанзивецот ќе остане член на клубот до 31 мај 2029 година, откако двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката.

Младеновски пристигна во Вараждин во сезоната 2024/25, а досега има запишано 43 настапи во дресот на хрватскиот клуб.

Македонецот одлично ја започна и актуелната сезона. Во првите четири првенствени кола двапати се запиша во листата на стрелците, со што даде значаен придонес во добрите резултати на тимот.

Со продолжувањето на договорот, Вараждин јасно покажа дека сериозно смета на Младеновски и во следните години.

Се вчитува...