Марио Станковски му донесе триумф на Работнички на тестот со Ренова

Работнички славеше со 1-0 на пријателски натпревар против Ренова кој се играше на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Одлучувачкиот момент се случи во 49. минута кога Марио Станковски стрелаше од белата точка. Претходно Димитар Тодоровски во 29. минута доби втор жолт картон, што значеше дека дебармаалци беа со играч помалку повеќе од еден час во овој натпревар.

 

Се вчитува...