Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски сосема оправдано е предводник на дрим-тимот на ЕХФ-шампионатот на кој нашата младинска селекција успеа да стигне до златниот медал, со самото тоа и да си обезбеди влез во елитното друштво на Стариот континент за оваа возрасна граница.
Танкоски беше меѓу најдобрите играчи на Македонија на сите натпревари, па сосема очекувано беше избран и за најдобар лев бек на овој шампионат, како единствен претставник на нашата селекција.
Тригвасон од Фарските острови е избран за најдобар голман, најдобар лев бек е Литванецот Јоваисас, среден бек е Хирик од Белорусија, а најдобар десен бек е неговиот сонародник лиокхин. Италијанецот Д’Антино е избран за најдобро десно крило на шампионатот, додека најдобар пивот е Украинецот Иван Бузак.
Признанието за најдобар дефанзивен играч на првенството во Скопје му припадна на Филип Новак од Швајцарија, а Артур Руџ од Белорусија е добитник на МВП наградата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА