Марјан Илиевски најде нов ангажман по Охрид

Македонскиот кошаркарски стратег Марјан Илиевски си најде нов ангажман, откако денеска потпиша договор со косовскиот прволигаш Раховеци.

Илиевски оствари фантастичен успех ланската сезона, стигнувајќи до пехарот во БИБЛ и финалето во Купот на Македонија, а летово го почна како прв тренер на АВ Охрид. Сепак, неочекуваниот колапс на охридскиот прволигаш придонесе тој на стартот од сезонава да остане без ангажман. На маса Илиевски во изминатиот период имаше понуди од регионот, ја одби можноста за преселба во Грција, за на крајот да ја прифати понудата на Раховеци. За македонскиот стручњак ова е враќање во косовската кошарка, откако претходно со голем успех го водеше тимот на Приштина, со кој ја освои првата титула во БИБЛ-лигата.

Овој клуб неодамна го освои пехарот во Супер-купот на Косово, се натпреварува и во БИБЛ, а Илиевски би требало утре да го одржи првиот тренинг со новата екипа.

Се вчитува...