Марјан Начевски доживотно суспендиран од структурите на РФМ!

Поранешниот македонски интернационален судија, Марјан Начевски доби доживотна суспензија од структурите на Ракометната федерација на Македонија поради максимално вулгарен однос, вербални навреди и неспортско дејствување недолично за функционер на РФМ.

Како што дознава ЕКИПА, со одлука на Дисциплинската комисија на РФМ, Начевски, кој е делегат во Ракометната федерација, е исклучен од структурите на федерацијата со забрана на вршење било каква активност во спортот во иднина.

Одлуката е донесена по пријава на членот на Управниот одбор на РФМ, Мирјета Бајрамовска, а откако Начевски вербално недолично навредувал членови на УО како и членови на раководството на Ракометната федерација. Срамниот однос на Марјан Начевски не можело да остане несанкциониран, во насока на заштита на спортските и моралните вредности кои последниве години владеат во најпопуларниот македонски спорт.

За однесувањето на Марјан Начевски и неговата суспензија од страна на РФМ ќе бидат информирани и интернационалните ракометни федерации.

Се вчитува...