Марјан Начевски се враќа на ракометот, усвоена неговата жалба од Арбитражниот суд на ЕХФ

Марјан Начевски ќе се врати на ракометната сцена откако Арбитражниот суд на ЕХФ ја укина изречената казна од Ракометната Федерација на Македонија кон поранешниот генерален секретар и судија.

Начевски беше доживотно суспендиран од ракометот, неговата прва жалба до Комисијата за жалби при РФМ беше одбиена како неоснована, по што тој реши правдата да ја побара во европската куќа на ракометот.

Како што информираше самиот Начевски преку соопштение до јавноста, Арбитражниот суд при ЕХФ донел одлука во негова полза, со што се поништува одлуката за суспензија изречена од РФМ.

Соопштението на Марјан Начевски го пренесуваме во целост:

Се вчитува...