Марјан Ристовски од Работнички се сели во Силекс

Крилниот напаѓач на Работнички Марјан Ристовски, ќе го засили тимот на Силекс. Кратовскиот тим обезбеди пласман во прволигашката конкуренција, па сега ќе сака во првата сезона да обезбеди чист прволигашки статус.

Ристовски со тоа ќе соработува повторно со Горазд Михајлов, со кого соработуваше и во таборот на Борец, пред фудбалерот да се пресели во таборот на Работнички.

Ристовски во минатото беше дел и од Кожуф и Тиквеш.

Се вчитува...