Марјан Секуловски е нов тренер на Пелистер

Досегашниот стратег на штипска Брегалница, Марјан Секуловски е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Пелистер.

По доаѓањето на новото раководство во клубот, Секуловски во суштина повторно се враќа на клупата на својот матичен клуб.

Претходно, во својата тренерска кариера Секуловски ги предводеше и Новаци, 11 Октомври, Силекс и Македонија ЃП на домашната фудбалска сцена, како и Ајејавади јунајтед, Јангон јунајтед и Шан јунајтед во Мјанмар. Зад своето име има и две шампионски титули на Малдивите со екипата на Мазија С&РЦ.

Пелистер за пролетниот дел од сезоната се поднови и со сенегалскиот дефанзивец Едгар Али Натрант кој доаѓа на позајмица од редовите на Шкупи.

Се вчитува...