НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА, „ПРЕСИНГ“, ОВОЈ ПАТ СО ПОРАНЕШНИОТ МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР И ЧЛЕН НА ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА КОЈА НЕ ОДНЕСЕ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, МАРЈАН СРБИНОВСКИ.
Во разговорот со нашиот новинар Никола Станикевски, едно од најистакнатите македонски кошаркарски имиња во историјата зборува за неговото повторно се враќање во мак-кошарката како предводник на нов амбициозен проект, КК Соколи 1933… Но, овој пат и за онаа наша репрезентативна генерација предводена од Петар Наумоски, и за учеството на ЕП 2011 во Литванија како асистент на Марин Докузовски, но и за неговата селекторска функција водејќи ја Македонија на ЕП во Загреб.
РАЗГОВОРИ ЗА…
· За враќањето на тренерската работа по пет години пауза, преку амбициозниот проект – КК Соколи 1933 од Штип
· За актуелните состојби во домашната македонска кошарка, и обидите конечно да с вратиме на нивото од пред десеттина години
· Каде лежи проблемот во лошите резултати на нашите младински селекции? Дали македонската кошарка има иднина?
· Србиновски како играч беше дел од репрезентацијата што за првпат настапи на едно европско првенство, во Франција во 1999 година. Што беше одлика на таа македонска репрезентација и како беше да се игра со Петар Наумоски, во тоа време еден од најдобрите поентери во кошаркарска Европа?
· Беше асистент на Марин Докузовски на клупата на Македонија на ЕП 2011 во Литванија кога се постигна најголмиот успех на македонската кошарка… Како се калеше таа селекција…?
· За селекторската работа како предводник на Македонија на последното европско првенство на кое учествувала нашата земја?
· За тоа каква е почитта кон тренерите од страна на кошаркарите – некогаш и сега!?
-
Македонија стартува нов квалификациски циклус со Нено Димитријевиќ, Јакимовски, Рајт во тимот… Дали е конечно дојдено време за чекор напред!?
===========================================ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНОТЕ ЕПИЗОДИ ОД ПОДКАСТОТ „ПРЕСИНГ“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
