Марјановиќ и Дончиќ го растурија Денвер на Јокиќ (ВИДЕО)

Бобан Марјановиќ со партија на кариерата во која постигна 31 поен, а имаше и 17 скока во 31 минута во кои беше на теренот го предводеше Далас до триумф над Денвер од 113-97. Марјановиќ во тандем со првата тимска ѕвезда, Лука Дончиќ кој уфрли 28 поени дополнети со шест скока и девет асистенции беа силата за тирумф со кој Далас излезе од серијата од два последовни порази. Со ефект од 40-27, „маверикс“ се седмопласирани за Запад.

Денвер го забележа 22-от пораз сезонава, има и 43 победи и е на третата позиција во оваа Конференција. Џамал Мареј со 25 и Вил Бартон со 23 поени беа на врвот на листата стрелци кај Денвер, Никола Јокиќ имаше 14 поени, 13 скока и осум асистенции.

Уште само три дуели беа одиграни синоќа. Во нив Филаделфија го победи Детроит со 124-106, Њу Јорк по продоложение славеше над Атланта со 131-136, а Шарлот триумфираше на гостувањето кај Мајами со 98-109. Натпреварите Оклахома-Јута и Сакраменто – Њу Ореланс не беа одиграни. Ова се последните дуели одиграни пред одлуката на НБА лигата за суспензија на сезоната.

Се вчитува...