Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ опишувајќи го својот пат до НБА лигата потенцира дека минал голем број препреки за кои еден ден може да напише и книга која ќе остане да се памети.
„Луѓето знаеја да бидат сурови. Не ми помогна тоа што бев повисок од другите, различен, напротив… Сите мислеа дека сум болен, дека нешто не е во ред со мене“ – се потсетува Марјановиќ.
Еден од најтешките моменти во животот, бил кога настапувал за Нижњи, а претседателот на клубот му врачил отказ, бидејќи не можел да замисли човек како него да биде кошаркар.
„Седев во канцеларија кога настапував за Нижњи. Функционер од клубот ми врачи отказ. Буквално ми рекоа дека не можат да ме замислат како играм кошарка и да се вратам во своето село. Тоа многу ме повреди, но и ме мотивираше потоа да им покажам на сите кои ме навредуваа кој сум и што сум“ – дополнува Марјановиќ.
Марјановиќ сезонава во НБА лигата настапи на 50 натпревари во кои просечно бележи по 6,9 поени и 4,5 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА