Марк Гасол останува во Торонто

Шпанскиот центар Марк Гасол и следната сезона останува во Торонто репторс. Гасол, и покрај тоа што на крајот од сезоната остана слободен играч, ја искористи клаузулата да го обнови договорот па и следната сезона за 26,6 милиони долари ќе игра во Торонто.

И од Торонто искажаа задоволство од продолжувањето на соработката со Гасол. Пред Торонто, Шпанецот дури 11 сезони мина како член на Мемфис со кого шест пати играше во плеј-офот.

Се вчитува...