Марк Кјубан сонува: Адетокумбо во Далас заедно со Лука Дончиќ

Далас Маверикс се подготвува да формира трио-фантастико од Европа, откако газдата Марк Кјубан искажал сериозен интерес крај Словенецот Дончиќ и Летонецот Порзингис во тимот да го доведе и грчкиот ас Јанис Адетокумбо.

„Суперѕвездата“ на Милвоки е главен фаворит за освојување на МВП-признанието за оваа сезона, но неговата иднина во таборот на Бакс е максимално неизвесна. Тој на крајот на сезонава ќе може да добие „максимална понуда“ за потпис на нов договор, но извори блиски до Јанис тврдат дека ќе се почека до следното лето, кога ќе може да стане слободен агент и да ги разгледа сите понуди на маса. Не се исклучува можноста тој во јули 2021 година да потпише нов договор со Милвоки, но многу сериозен ривал во таа трка ќе биде Далас.

Кјубан важи за вљубеник во европските кошаркари уште од беспрекорната соработка со Новицки, па американскиот милијардер нема да жали пари за да го доведе Адетокумбо и да формира извонредно трио со кое Далас со години ќе атакува на НБА-трофејот. Задоволен од Дончиќ и од Порзингис, на газдата на Далас му е јасно дека сепак ќе биде неопходен уште еден екстра-играч за тимот да се вмеша во борбата за највисок пласман, а Адетокумбо дефинитивно е кошаркар што може да му помогне на овој тим во остварување на посакуваните цели.

Се вчитува...