Возачот на Дукати, Марк Маркез, ќе стартува од пол-позицијата на претстојната трка за Големата награда на Унгарија во Мото ГП, откако беше најбрз во денешната квалификациска сесија.
Маркез излета од патеката за време на квалификациите, но сепак беше најбрз со време од 1:36.785 минути. Тој имаше операција на рамото пред помалку од еден месец, но и покрај тоа се врати на патеката во добра форма.
Возачот на КТМ, Педро Акоста, ќе стартува од второто место, кој беше за 0,053 секунди побавен.
Возачот на Гресини, Фермин Алдегер, беше трет во квалификациите, со заостанување од 0,340 секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
