Марк Маркес продолжува да испишува историја откако Шпанецот стигна до пол-позицијата за утрешната трка од Мото ГП шампионатот што ќе се вози на патеката Муџело. Што е уште поважно – ова беше стота пол-позиција во кариерата на легендарниот шпански мотоциклист, кој е прв во историјата на овој спорт што стигнал до вакво остварување.
Ова е вкупно 72, пол-позиција за Марк во Мото ГП најсилната класа, тој има и по 14 пол-позиции во Мото 2 и во класата до 125 кубни сантиметри, за вкупно 100 трки стартувани од чело на колоната. Само за споредба, неговите лути ривали низ годините се далеку зад шпанскиот ас, Лоренцо е следен со 69 пол-позиции, Валентино Роси имаше 65 во својата фантастична кариера, Духан 58, Бјаџи 56….
На второто место утрешната трка ќе ја стартува Франческо Бањаја, додека третопласиранн на самиот старт ќе биде помладиот брат на Марк, Алекс Маркес, пред Фабио Квартараро.
Утрешната трка на патеката Муџело ќе стартува во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА