Марк Маркес најбрз во Јапонија

Светскиот првак во Мото ГП, Марк Маркес, продолжи со одличните изданија оваа сезона победувајќи ја наградата за Гран при на Јапонија. Шпанскиот пилот на Хонда ја осигура шестата ттула во највисоката класа уште пред две седмици кога триумфира на Тајланд, а денеска го запиша десеттиот триумф од почетокот на сезоната. За Маркес е ова трет триумф од четири старта на пистата во Мотеги.

Маркес беше побрз од Французинот Фабио Квартаро на Јамаха, а третото место му припадна на Италијанецот Андреа Довициозо. До крајот остануваат три трки, во Австралија (27 октомври), САД (3 ноември) и Валенсија (17 ноември).

 

Се вчитува...