Повредата дефинитивно е минато за Марк Маркез, кој успеа да врзе две победи во низа во Мото ГП шампионатот откако попладнево ја растури конкуренцијата на трката во Брно за големата награда на Чешка.
Повеќекратниот светски првак извозе перфектна трка, трпеливо чекаше шанса да го мина Бањаја, а кога тоа му се укажа во 16. круг маестрално го претрка ривалот, искочи на чело на колоната и потоа без проблеми ја зголеми разликата до самиот крај.
Бањаја има за што да жали ако се знае дека на крајот го освои само третото место, неколку круга по Маркез беше минат и од Аи Огура, одличниот Јапонец кој уште еднаш покажа каков тркачки потенцијал поседува.
Бањаја во самиот финиш водеше жестока борба за третото место, но стигна до пиедесталот завршувајќи ја трката со 0,169 секунди подобро време од Фабио ди Џанантонио.
Денешната трка ја пропушти Марко Бецеки од Априлија, кој беше суспендиран поради конфликтот на вчерашната спринт-трка, кога влезе во физички конфликт со еден од редарите крај патеката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
