Марк Маркез владее на „Арагон“ патеката

Марк Маркез ја продолжи доминацијата кога станува збор за трките на патеката „Арагон“ откако шпанскиот мото-великан по вечерашниот спринт, триумфираше и денешната главна трка од Мото ГП шампионатот.

За возачот на Дукати ова е трета победа на главните трки на „Арагон“ како член на овој тим, а Маркез има и три спринт победи со моторот на Дукати на оваа домашна трка за него.

Возбудлив беше само стартот, кога Марк од втората позиција успеа да го мине водечкиот Бецеки и излезе на чело на колоната. Потоа, тој се издвои во однос на ривалите и не дозволи победата во ниту еден момент да му биде доведена во прашање,  четврта за него сезонава и вкупно 103. во неверојатната кариера на Шпанецот.

Второто место денеска му припадна на Педро Акоста со мотор на КТМ, додека третопласиран беше Марко Бецеки со Априлија.

Се вчитува...