„Марка“: Алаба е пред потпис со Реал Мадрид

Реал Мадрид е на прагот да обезбеди огромно засилување за следната натпреварувачка сезона откако „кралевите“ влегоа во последната фаза од преговорите со Давид Алаба. Австрискиот репрезентативец ги одби последните две понуди за нов договор со Баерн Минхен, по што веќе е јасно дека тој ќе си замине од „Алијанц Арена“.

Алаба уште од почетокот на јануари ќе може да потпише нов договор со нов клуб, а според весникот „Марка“ тој е многу блиску до преселба во Реал. Мадридскиот весник тврди дека преговорите се влезени во завршна фаза, откако „кралевите“ начелно ги прифатиле клучните барања на Австриецот.

Во трката за австрискиот интернационалец долго време водеше Барселона, но финансиските проблеми на каталонскиот гигант и закажаните претседателски избори пред крајот на јануари целосно ја исфрлиле Барса од конкуренција. ПСЖ исто така покажа интерес, но приоритет на „светците“ ќе биде доведување на Меси, поради што овој клуб воопшто не испратил понуда за да почне преговори со Алаба.

Се вчитува...