„Марка“ дознава: Казна од два меча за Нејмар, го пропушта „Ел Класико“

Шпанската Фудбалска Федерација најави дека во среда ќе ја обелодени висината на казната што ќе ја добие Нејмар за црвениот картон заработен на дуелот со Малага. Сепак, весникот „Марка“ тврди дека одлуката е веќе донесена и истата воопшто не е позитивна за каталонскиот гигант, со оглед на фактот дека Нејмар ќе заработи суспензија од два меча, што би значело пропуштање на големото дерби со Реал на „Сантијаго Бернабеу“.

Мадридскиот весник тврди дека покрај автоматската суспензија од еден натпревар (поради два жолти картони), Шпанската Фудбалска Федерација го казнила бразилскиот ас со дополнителен меч поради аплаудирањето кон четвртиот судија додека го напуштал теренот.

Останува да се види дали овие најави на весникот, кој важи за многу близок до Реал Мадрид, ќе се реализираат, или Нејмар ќе добие казна од само еден меч неиграње, што би значело отсуство на дуелот со Реал Сосиедад, но и камбек на големото дерби на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...