Марка: Две децении од митот наречен Горан Пандев

Македонската репрезентација пристигна во Букурешт каде во недела на 13. јуни ќе го одигра првиот историски натпревар на Европските првенства против Австрија.

Шпанска „Марка“ пишува за нашиот капитен Горан Пандев како еден од најголемите фудбалери кои излегле од овие простори.

„Европското првенство веројатно ќе биде последно натпреварување во неговата кариера, иако сите велат дека Гоки се шегува и дека ќе игра уште една година. Во ноември минатата година го постигна победничкиот гол против Грузија со кој ја одведе Македонија на Европското првенство. Тој веќе е ѕвезда во неговата земја поради успесите кои ги имаше во Италија каде ги освои сите можни титули. За националниот тим има одиграно повеќе од 100 натпревари и постигнато повеќе од 30 гола со што е рекордер. Сепак, најголемата работа која го прави посебен е тоа што 20 години е во служба на Македонија. Пандев првиот настап за Македонија го имаше пред 20 години на 17-годишна возраст. Две децении трае Горан Пандев“, стои во текстот на Марка. 

Се вчитува...