„Марка“: Мбапе и Реал се договорија, познати и деталите од договорот!

Килијан Мбапе (23) за првпат најави дека наскоро ќе ја донесе одлуката околу неговата иднина, непосредно пред собирот на француската репрезентација. Тој не прецизираше дали тоа значи дека ќе го продолжи договорот со ПСЖ кој истекува на крајот од сезоната или ќе го напушти клубот.

„Марка“ објави дека еден од најдобрите светски напаѓачи минатата недела постигнал договор со Реал Мадрид. Се очекува Французинот да потпише договор на пет години со „кралевите“.

„Тие се договорија за сите детали за кои се пишуваше во последните месеци, за сето она поради што Мбапе беше под притисок. Никогаш не се сомневаше, но тој притисок, и парите кои се надвор од секоја фудбалска логика, создаде тензија и тешки моменти“, пренесува шпанскиот медиум.

Според „Марка“, тактиката на претседателот на Реал, Флорентино Перез беше многу едноставна цело време. Тој не бараше потпис, сето тоа беше засновано на желбата на играчот да игра за Реал. Клубот секогаш беше таму, во сенка, користејќи клучни луѓе блиски до Мбапе.

Перез избегнуваше директен контакт иако тоа можеше да го направи од 1 јануари без да ги прекрши правилата.

Се вчитува...